Најчесто поставувани прашања (FAQ)
Како да нарачам модел од вашата веб-страница?
Многу едноставно! Избери модел што ти се допаѓа, кликни „Додај во кошничка“ и продолжи до наплата. Внеси ги твоите информации и потврди ја нарачката. Откако ја потврдите нарачката во рок до 24часа ке бидете исконтактирани по телефон од наш представител.
Колку време трае испораката?
Испораката низ Македонија обично трае 3–5 работни дена. Ќе добиеш потврда по телефон или eMail кога твојата нарачка ќе биде пратена.
Како се врши плаќањето?
Плаќањето се врши при достава (на врата). Во иднина ќе додадеме и онлајн плаќање со картичка.
Дали моделите се нови и оригинални?
Да, сите модели се нови, оригинални и неотпакувани, директно од проверени добавувачи од странство.
Дали имате ретки или лимитирани изданија?
Да! Често набавуваме ретки, лимитирани и ексклузивни изданија. Следи нè на социјалните мрежи или претплати се на нашиот newsletter за да не ги пропуштиш!
Во кои размери ги имате моделите?
Во моментов нудиме модели во следниве размери:
1:64
1:43
1:24
1:18
Може ли да вратам или заменам модел?
Да, ако моделот пристигне оштетен или добиеш погрешен продукт, можеш да не контактираш во рок од 48 часа и ќе најдеме решение – замена или поврат на средства.
Дали имате физичка продавница?
Моментално функционираме само онлајн, но планираме pop-up настани и изложби во иднина.
Дали испорачувате надвор од Македонија?
Во моментов испорачуваме само во Македонија, Србија и Бугарија, но работиме на можноста за испорака и во повеќе држави.
Како можам да ве контактирам?
Можеш да нè контактираш преку контакт формуларот на веб-страницата или на contact@kolekcioniraj.mk - Одговараме брзо!